Киев: Демонстрантите конечно го напуштија градскиот совет

Украинските демонстранти конечно ја напуштија зградата на градскиот совет во Киев по скоро два месеца окупација.

„Градскиот совет е сосема евакуиран“, рекол портпаролот на опозицијата Руслан Андријко.

Одлуката била донесена откако владата во Украина се согласила да ги отфрли сите обвиненија против уапсените демонстранти доколку ја напуштат зградата и ги отстранат барикадите од улиците.

Иако демонстрантите окупирале повеќе згради, градскиот совет стана симбол на демонстрациите и отпорот.

За потсетување, протестите во Украина започнаа откако претседателот Виктор Јанукович одлучил да не потпише договор со Европската унија.