Корисниците на Македонски Телеком и оваа зима можат да разговараат од странство со сите пријатели и деловни партнери во Македонија по поволни роаминг цени.
Најевтиниот роаминг важи за сите корисници со еднократно активирање на 070/142-099 за 99 денари. По успешното активирање цената за разговор е само 9,9 денари минута кон корисниците на Македонски Телеком.
Корисниците можат да јa активираат услугата од странство преку „Мое мени“ со вртење на *122# или преку говорниот автомат, со повик на 142-099, при што повикот е бесплатен доколку корисникот ја активира услугата од дома или се наплаќа по регуларни роаминг цени, доколку корисникот ја активира услугата од странство.
Понудата важи до крај на февруари 2016 година.