Шпаркасе Банка Македонија денеска ја отвори втората експозитура во населбата Аеродром. Таа е веќе 27-ма експозитура на банката во земјава.
„Најголемиот приоритет на Шпаркасе Банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец. Потребата да се отвори уште една експозитура во населба Аеродром е само показател дека како банка успеваме да ја реализираме целта за што повеќе задоволни корисници, кои се дел од семејството на Шпаркасе“ – изјави директорката за управување со физички лица на Шпаркасе Банка, Викторија Јовановска.
На отворањето што започна со официјално обраќање на претставниците на Шпаркасе Банка Македонија, беа присутни и многубројни гости и клиенти на Банката од општината Аеродром, по што следуваше и забавен дел за најмладите во друштво на популарните Медо Штедо и неговата другарка Медена. Програмата продолжува во 18 часот, со забава за повозрасните, кои ќе имаат можност да уживаат во настапот на музички бенд што ќе се погрижи за создавање топла празнична атмосфера за жителите на општината Аеродром.
Дел од стратегијата на Шпаркасе Банка е доближување до своите корисници преку проширување на својата мрежа и отворање што повеќе експозитури, со цел услугите и продуктите да бидат подостапни за што повеќе граѓани. Новата експозитура е модерно опремена, по најнови стандарди и на своите клиенти им нуди поголема достапност, квалитет и навремено исполнување на најразличните барања и потреби.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.
Шпаркасе Банка Македонија зaедно со другите банки-ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа.