Турција сака да биде регионална велесила, затоа САД и ЕУ ја турнаа на нишанот на Русија, пишува српски „Курир“ во својата анализа посветена на моменталните случувања во односите помеѓу Москва и Анкара.
Конфликтот меѓу Русија и Западот и сигнализираше на Анкара дека во моментов ситуацијата е оптимална за турско ширење и дека тоа е прилика што најверојатно нема да остане отворена долго време.
Ако се суди по развојот на настаните во последните неколку години, ако сонот на Мустафа Кемал за секуларната национална држава не е мртов, тогаш со сигурност е на апарати. Турската влада, а посебно претседателот Ердоган го променија правецот и ја претвораат Турција во нешто друго.
Ердоган има планови за препород на Отоманското царство
Сеуште не е јасно како ќе изгледа новата Турција, иако веќе е очигледно дека оваа земја има огромни амбиции што навестуваат планови за препород на некогашното Отоманско царство.
Турција на Ататурк и неговите наследници во времето на Студената војна водеа релативно неамбициозна надворешна политика. Земјата остана надвор од Втората светска војна, таа беше периферна членка на НАТО и не се вклучуваше во голем број конфликти на Блискиот исток иако повеќегодишните кризи, па дури и конфликтите со Грција кулминирале со инвазија врз Кипар во 1974-тата година.
Националистичката домашна и конзервативната надворешна политика на Турција беше љубоморна чувана од страна на војската што не дозволувала државните удари за отстранување на врвовите на државата, за кои се сметало дека го ризикуваат наследството на Ататурк. САД благонаклоно ги посматраа овие настани. Под де факто воената управа, Турција беше стабилна на јужното крило на НАТО и било многу малко веројатно дека со својата политика ќе предизвика некоја поголема криза што би можела да доведе до светска војна.
Врз умерената политика на Турција дејствуваше и фактот дека Турција ја делела границата со СССР. Сето тоа се промени по завршувањето на Студената војна. САД повеќе не биле заинтересирани за внатрешната турска политика. Турција повеќе не граничеше со СССР, па дури ниту со Русија. Притисокот на турската војска врз политиката почнал да слабее, оневозможувајќи земјата да почне да се враќа во исламизмот, што се видело и по самото постоење па дури и по успехот на Партијата за благосостојба (каде сегашниот претседател Ердоган ја започнал својата политичка кариера), а потоа на Партијата на правдата и развојот.
Угледните личности на Турција како што е претседателот Тургут Озал кој прогласи дека 21-виот век ќе биде „Турски век“ или премиерот Сулејман Демирел, што говорел за „турски свет“ помеѓу Јадранското море и Кинескиот ѕид исто така беа глас на нео-отоманските амбиции на турските елити.
Турција почна да се оддалечува од етничкиот турски национализам како основачки принцип и наместо него почна да го прифаќа исламот како сврзувачко ткиво, што ги поврзува сите народи на државата и дава можност на значајно проширување на турските граници и вшмукување на голем број нејзини соседи. Таа промена не се гледаше никаде подобро од ердогановото именување на Курдите со називот Курди, а не со изразот Планински Турци, што беше задолжителен уште од времето на Ататурк.
До неодамна, пан-турската програма се водеше воглавно низ бенигната „мека моќ“ како низ институциите на Турскиот совет основан во 2009-тата година, кој ги опфаќа Казахстан, Турција, Киргистан и Азербејџан и низ билатералните економски, културни и политички релации, што меѓу другото вклучуваат програми за образовна и културна размена. ПРодорот на Турција и муслиманските пост – советски територии го олесна успехот на турските претпријатија на пост-советскиот пазар.
Сепак неуспесите на САД и дестабилизацијата на Ирак и подоцна арапската пролет на големо го проширија обемот на интересите на Турција, што сега ја опфаќа речиси цела Северна Африка (Турција на пример има блиски релации со египетското Муслиманско братство) и други делови на Блискиот Исток.
Турција сака да го пополни вакумот што настана со повлеувањето на САД
Повлекувањето на САД…