Трагедија во Јужна Кореја откако се сруши покрив во амфитеатар во градот Ѓенџу. При колапсот, девет студенти загинаа, а околу 70 се повредени. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе расте бидејќи 15 студенти се во критична состојба.
Спасувачите стравуваат дека уште најмалку 10 лица можно е да се останати затрупани под урнатините.
Првично беше соопштено дека 50 се затрупани и дека пожарникарите се подготвуваат да употребат тешка техника за да стигнат до евентуални преживеани.
Силната снежна виулица им пречи на спасувачите во операциите на вадење на преживеаните.
Во зградата каде се случи трагедијата , бил организиран пречек на студентите од прва година на Универзитетот за странски истражувачи во градот Пусан.
За време на инцидентот во зградата имало над 500 студенти. Многу од нив успеале да излезат сами.