Припадниците на француската полиција убија изутрината лице, кое се обидело со нож во раката да влезе во полициска станица во 18. арондисман во Париз, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.
Според весникот „Фигаро“ засега не се познати околностите под кои се случило убиството.
Според очевидец во улицата „Гут дор“ се слушнале две до три пукотници, а потоа улицата била блокирана од полицијата.
Според друг очевидец напаѓачот на себе имал некој вид на елек, кој најверојатно бил со експлозив и извикувал „Алах е голем“, додека се обидувал да нападне полицаец.