
Од продавница за бела техника во Тетово украдени се повеќе мобилни телефони и преносни компјутери.
Кражбата се случила утрово околу 05.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во продавницата за бела техника „Нептун“.
Сторителот, како што информира МВР, насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел седум мобилни телефони и седум лап-топ компјутери, а потоа го напуштил местото на настанот. Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.