
Познати се термините за натпреварите на македонската ракометна репрезентација за вториот дел од фазата на Европското првенство.
Македонската ракометна репрезентација ја чекаат нови три тешки натпревари на Европското првенство. Против Хрватска играме утре и тоа во најдоцниот термин (20:30 часот), по што на 25 се среќаваме со Норвешка, дуелот стартува во 18:15 часот. Последната средба ја играме против Белорусија во 16 часот.