Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција денеска ги повика своите членови на протест пред Министерството за труд.
Синдикатот бара од демонстрантите да го блокираат влезот во Министерството за да се покаже противењето на АДЕДИ на пензиските реформи што ги предлага Владата.
Поради протестите нарушен е железничкиот сообраќај и електричната железница која ја поврзува Атина со предградијата. Железничарите ќе запрат со работа неколку часа во знак на протест против приватизација на железничкиот оператор Траиносе.
За денеска се планираат и протести на островите, а во меѓувреме продолжува и штрајкот на земјоделците, пренесува МИА.
Грчките бродови и денеска остануваат на пристаништата поради штрајкот на морнарите кој почна вчера и ќе трае до утре.