Денес во период од 11,00 до 13,00 часот, и во времето од 18,00 до 20,00 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини (трактори) во близина на ГП„Ники”-Р,Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.
На 26.01.2016 година во времето од 11,00 до 13,00 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини (трактори) во близина на Граничниот Премин „Евзони”-Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.