
Повторно прекин на сообраќајот на „Меџитлија“. АМСМ информира дека во времето од 13:00 до 23:00 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Република Грција на граничниот премин ,,Ники”, поради штрајк на грчките земјоделци (фармери).
Инаку грчките земјоделци веќе деветти ден по ред ги блокираат граничните премини кон Македонија и Бугарија како знак на револт од најавените реформи на пензискиот систем.
Покрај граничните премини, грчките земјоделци блокираат и дел од националните автопатишта во Грција. Повеќе за тоа на следниот линк.