ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Жена во црно се шета со отсечена детска глава во Москва

Една метро станица во Москва денес е затворена откако во полицијата било пријавено дека една личност облечена во црно стои пред станицата со отсечена детска глава во рацете, објавија денес руските медиуми.

Таа со брза акција на полицијата била уапсена,а целиот случај детално се испитува.

Според досегашните информации жртвата е девојче по име Насја М. Осомничената жена по убиството отишла до станицата на метрото каде била сопсрена од локалните полицајци. Таа веднаш потоа од торбата ја извлекла отсечената глава и почнала да вика дека го убила детето.

Инаку, денес руските медиуми пишуваа дека полицијата додека гасела пожар во еден московски стенбен комплекс пронашла обезглавено тело од дете. Детето било на возраст од 3 или 4 години.