Руската полиција соопшти дека е уапсена жената која го уби четиригодишното дете, откако локалните медиуми објавија снимка од жена облечена во црно која во раце ја носи отсечената глава на детето. Таа била негова дадилка.
„Доаѓа крајот на светот… Јас сум вашата смрт. Мразам демократија. Јас сум терорист“, викала жената, која е идентификувана како Гулчекра Бобокулова, од Узбекистан.
Дадилката чекала родителите да излезат од станот со постариот син, а поттоа го убила девојчето и го запалила станот, стои во соопштението на руската полиција.
Откако ја слушнала страшната вест, мајката на убиеното девојче изгубила свест.
Порталот LifeNews јавува дека Бобокулова го убила детето бидејќи нејзиниот сопруг ја изневерил, но не можела да објасни како девојчето е поврзано со нејзиниот сопруг.
Локалните медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата, јавуваат дека дадилката, наводно, била дрогирана.