Внук ја искасапил бабата среде улица . Бранко Н. (26) од Бајина Башта уапсен е синоќа откако пред зградата во која живее со кујнски нож ја усмртил својата баба Милка С. (71), пишува српски „Блиц“.
Во улицата „Павле Бороан“ во населбата Црквина во Бајина Башта, внукот од се уште непознати причини, пред очите на неколку минувачи со нож ја заклал мајката на својата мајка, нанесувајќи и рани во стомакот и градите, а несреќната старица починала на самото место.
Шокирани сме! Милка беше прекрасна жена, го израсна Бранко за кого слушнавме дека бил проблематичен и дека од време на време ја малтретираше. Несреќничка, дочека на крајот внукот да ја убие, велат соседите.
На Николиќ му е одредена мерка притвор од 48 часа, а момчето при чинот на убиството бил под дејство на алкохол.
Полицијата кај него го пронајде и ножот со кој го извршил злосторството.