Веќе избравте квалитетни стакла за очила, но сеуште не сте сигурни каква рамка да изберете? Освен обликот на лицето, според стилистите кога го бирате моделот треба да внимавате и на бојата на тенот и на косата, а истото правило важи и за очилата за сонце.
- Најважно е да пробате колку можете повеќе рамки, затоа што така ќе го стекнете најдобриот впечаток.
- Рамката несмее да доминира со лицето, ниту да ве прави многу повозрасни или посериозни. Ако добро ви стојат ведри бои, изберете рамка во киви зелена боја, морнарско сина или портокалова.
- Водете сметка за тоа рамката да не ве стега, ниту пак да ви биде премногу широка, затоа што вачите очила се вашите втори очи и би требало да „се стопат“ со лицето, така што практично нема да ги чувствувате.