Експлозивна направа синоќа ги вознемири жителите на Карпош.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа, околу 19 часот експлодирала експлозивна направа на улица Варшавска во Карпош, во близина на штабот на опозициската СДСМ.
Од полиција велат дека повредени нема, иако во моментот на инцидентот имало двасетина членови на партијата во штабот. Во експлозијата оштетени се шест автомобили и барака и причинета е значителна материјална штета.
Во присуство на Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.