Знаци дека сте опкружени со злобни луѓе

Човекот е социјално битие. Голем дел од она што ќе станете во животот е поврзан со вашиот избор на луѓе околу вас.

Понекогаш судбината контролира кој влегува во вашиот живот, но вие одлучувате кого ќе задржите, со кого ќе одите и кого ќе го пуштите да си замине. На крај треба да се окружите со луѓе што ќе направат да бидетет подобра личност и да ги напуштите што тоа не го прават или уште полошо, го прават спротивното.

Еве некои знаци дека за жал, сте окружени со злобни луѓе!

  1. Имаат време за вас само кога ним им одговара

Тоа е очигледно, но секој однос без редовна интеракција и комуникација ќе има проблеми особено кога недостасува посветеноста. Немојте да губите време со некој што ве бара само кога нему му одговара. Не би требало да молите некого да направи место во вашиот живот, затоа што ако тие искрено се грижат за вас, ќе се потрудат да најдат време. Да се биде во врска со некој што ја занемарува вашата вредност не е верност, туку глупост. Никогаш немојте да молите некого за внимание. Спознајте ја сопствената вредност и продолжете понатаму.

  1. Ви замеруваат за нешто од вашето минато

Некои луѓе одбиваат да прифата дека вие повеќе не сте она што некогаш сте биле – дека сте правеле грешки во минатото, дека сте учеле од нив и сте продолжиле понатаму. Тие можеби не се способни да го прифатат фактот дека вие растете и продолжувате со својот живот и ќе се обидат да го развлекуваат вашето минато за да бидат во чекор со вас. Немојте да им помогнете така што ќе го признаете нивното негативно однесување. Продолжете да одите напред. Држењето за непроменливото минато е само губење на енергија и нема никаква цел во создавањето на подобра сегашност. Ако некој постојано ве осудува поради вашето минато и ви замерува за тоа, можеби би требало да ја поправите сопствената иднина, така што таквите личности ќе ги оставите зад себе.

  1. Се чувствувате заробено

Здравите односи ги држат вратите и прозорците ширум отворени. Има доста свеж воздух и никој не се чувствува заробен. Односите растат во овој вид неограничувачка околина. Можете да дојдете и да си заминете кога ви е желба, но бирате да останете затоа што тоа е местото каде што сакате да бидете. Ако сакате да бидете дел од нечиј живот сите отворени врати и прозорци нема да направат да си заминете. Ако некој ги затворил во обид да ве зароби во нешто во што несакате да бидете, време е да станете посилни и да ја срушите таа врата.

  1. Постојано ги омаловажуваат вашите сништа и можности

Ако им допуштите на другите да ги одредуваат вашите сништа и можности, тогаш им овозможувате да ве ограничуваат. Она што сте способни да го достигнете не е резултат на она што другите луѓе мислат дека е можно за вас. Она за што сте способни завси од тоа што бирате да направите со вашата енергија и со вашето време. Луѓето ќе фрлаат секаков вид на претпоставки врз вас во врска со она што е можно или невозможно. Гледајте над претпоставките и менталните ограничувања со сопствената и најдобрата визија како може да изгледа вашиот живот. Животот е патување со отворен крај и она што ќе го постигнете произлегува од она што очекувате да го постигнете и на што работите. Затоа немојте да се грижите што мислат сите останати. Продолжете да живеете во сопствената вистина. Ќе се налутат само оние што сакаат да живеете во лага.

  1. Ве лажеле повеќе пати (прочитајте повеќе на следната страница..)