Скопјанец остана без парите, накитот и картичките

Пари, накит и платежни картички собрал арамија од куќа во Волково.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи завчера бил ограбен домот на 47-годишниот  Т.Ц. во скопско Волково.

Арамијата успеал да влезе во куќата откако насилно ја отворил балконската врата, а потоа ги пребарал со собите, одземајќи паричник со 5.000 денари и платежни картички и разновиден златен накит.

Откако направил штета од околу 180.000 денари, арамијата избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на случајот.