Месец април, освен што започнува со светскиот ден на шегата и голем број на маски, истиот е познат и како месец на подигнување на свеста за аутизмот. Аутистичните лица, поради сеуште неоткриен лек и дијагноза, имаат една маска која ниту предизвикува смеа, ниту може да се извади и заборави. Од 2010 година, Македонија, покрај голем број на земји низ светот, е вклучена во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со аутизам, а заинтересираноста како и желбата за информираност кај граѓаните е сè поголема.
Иако аутизмот е нарушување кое се дијагностицира и надгледува од психолошка гледна точка, истото е важно да се разгледа и согледува малку поразлично.
Според голем број на научни истражувања во светот, утврдено е дека лицата со аутистични заболувања имаат слаб имунитет, според кое потребно е нивната исхрана да изобилува со утврдена доза на одредени витамини и состојки во секојдневните оброци. Тие имаат слаба отпорност на разни инфекции кои можат дополнително да им го нарушат здравјето. Аутистичните лица се многу чувствителни на глутен како и кога доаѓаат во допир со хемикалии. Нивниот организам има намалена способност да исфрла токсини.
Функцијата на мозокот кај овие лица може значително да се подобри со внесување на одредени состојки и производи, како што е свежата и здрава храна, која најбезбедно е да е од проверено органско потекло со цел избегнување на можни конзерванси, хемикалии и токсини. Важен и корисен за функцијата на мозокот е и селенот, ензимите од ананас и папаја, Б витамините, гинко билобата, и слични состојки кои можат да ја подобрат менталната функција кај овие лица за одреден степен.
Оваа година, на 2 април, како и насекаде во светот, во Скопје се одбележа Меѓународниот ден на лицата со аутизам, настан организиран во Зоолошката градина, од страна на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Апсергеров синдром „Во мојот свет“. Настанот беше подржан и од голем број на познати лица, компании и институции, вклучувајќи ги Златно Славејче, Ребека, Џафер, браќата Тавитјан, Биокулт, Шпаркасе Банка и многу други. Покровител на настанот беше г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија, која ја посочи важноста во блиска иднина да се отвори дијагностички центар за аутизам како и регистар за заболените лица во Македонија.
„Мислам дека е навистина од голема важност да се зголеми свеста во јавноста за лицата кои се заболени со аутизам, како и да се подобри општото и стереотипично размислување за нивното вклучување во општеството и секојдневниот живот. Тие иако се лица кои спаѓаат во ранлива категорија на граѓани, сепак во одредени сфери можат да бидат вистински генијалци и да создадат нешто кое било кој друг не би можел ниту да го замисли. Биокулт постои веќе 5 години, и месецов го прославува својот јубилеј, па вклучувањето во настан од ваков вид е само мал дел од мисијата на брендот да ја зголемува својата социјално општествена одговорност. И професионално и индивидуално, знам што значи да се негува и чува здравјето. Она кое што со сигурност го знам е дека здравјето нема цена, а токму таа нега најпрво бара голема посветеност и почит кон сопственото тело. Драго ми е што го подржуваме овој настан, а ја поздравувам и одлуката на сите индивидуалци како и компании и здруженија кои на свој начин помагаат да се одбележи овој меѓународен ден на лицата со аутизам и кај нас.“ изјави Иван Јовановски, генерален менаџер на Биокулт.