Напаѓачот на Сергеj Трифуновиќ ја призна вината

Горан Илиќ, кој е осомничен дека ноќта помеѓу 26-ти и 27-ми февруари го нападнал и го изгризал актерот Сергеј Трифуновиќ, вчера склопил договор за признавање на вината со Првото основно јавно обвинителство во Белград, јавува Хелло.рс.

Иако претходно тврдеше дека бил нападнат, Горан Илиќ признал дека иницирал конфликт со Трифуновиќ, а добил осум месеци затвор и две години условна казна.

Горан Илиќ - Напаѓачот на Сергеј Трифуновиќ
Горан Илиќ – Напаѓачот на Сергеј Трифуновиќ

Сергеј тврдел дека Илиќ прв го нападнал, а со сослушувањето на сведоците и со прегледување на видео-снимките од сигурносните камери, обвинителството утврдило дека Горан прв го нападнал Сергеј и го гризнал за прстот.

Поради тоа Илиќ одлучил да се спогоди со обвинителството и да ја признае вината.