Вчеравечер во Стокхолм беше организирано дефиле на сите учесници на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. Појавувањето на претставниците и нивните тимови на црвениот килим беше вовед во церемонијата на свеченото отварање на Евровизија 2016 којашто се одржа во Градската куќа во Стокхолм.
Освен со шармот, харизмата, духовитоста, позитивната енергија и широката насмевка, Калиопи на црвениот килим во Стокхолм заблеска и со елегантната, свилена тоалета во црна боја, која во целост одговараше со нејзиниот препознатлив стил и сензибилитет.
Нашата позната дизајнерка и моден креатор Розе Трајчевска, инаку долгогодишен соработник на Калиопи, и испратила за појавувањето на црвениот килим тоалета специјално дизајнирана по нејзина мерка и вкус.
Розе Трајчевска е креатор и на костимот со којшто Калиопи ќе настапи на Изборот за Песна на Евровизија.