
Крајбрежната стража во Италија вчера од два брода покрај бреговите на Сицилија, спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци, а на бродовите имало и ирачки државјани.
Како што пренесува МИА, врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци соопштил дека овој случај претставува најголем обид за масовна миграција од Сирија и Ирак кон Италија од почетокот на годината. Портпаролот на италијанската крајбрежна стража изјави дека од едниот брод се спасени 515 лица, а од другиот 380.
Засега не е прецизиран точниот број на националноста на мигрантите.
Портпаролката на Комесаријатот на ОН изјави дека Сиријците и Ирачаните најверојатно испловиле од Египет, а не од Либија, традиционална точка на заминување на повеќето мигранти, кои се упатила кон Италија.
Комесаријатот посочи дека во април во Италија пристигнале повеќе мигранти, отколку во Грција, 9.149 наспротив 3.650, нешто што е забележано прв пат од мај 2015 година.