Џулија Робертс боса на црвениот тепих во Кан

Џулија Робертс боса на црвениот тепих во Кан
Џулија Робертс боса на црвениот тепих во Кан

Филмскиот фестивал во Кан е во полн ек, а светските ѕвезди се собраа да му дадат дополнителен сјај. На црвениот тепих синоќа блеснаа холивудските ѕвезди Џулија Робертс, Џоди Фостер и Џорџ Клуни, како главни протагонисти на подоцна претставениот филм „Money Monster“. Гламурот и овојпат не изостана. Но, и дека правилата постојат за да се кршат!

Џулија Робертс (48) ги отфрли чевлите и се качи боса по скалите на премиерата на својот филм во Кан. Фотографиите покажуваат како Оскаровката дели насмевки со својот колега Џорџ Клини со кого го раскажала своето доживување со чевлите на црвениот тепих во Кан.

julija bosa

Убавата актерка блесна во фустан на „Армани“ и накит на „Шопард“. Бидејќи беше боса, не е познато какви чевли носела.

Правилото на Филмскиот фестивал во Кан е дека сите жени мора да се појават во чевли со високи потпетици. Бидејќи рамните чевли не се дозволени, се претпоставува дека Џулија ја одбрала третата можност.