![kelvin-klajn](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/kelvin-klajn.jpg?resize=640%2C402&ssl=1)
На уникатна промоција наменета само за претставниците на медиумите, во петокот на 27-ми мај во „Јавна соба“, „Божиновски“ ги претставија сите колекции на Calvin Klein за 2016 година.
Софистицираните парчиња накит и часовници на овој светски познат бренд беа изложени во просторот уреден во духот на Calvin Klein, а покрај парчињата што се веќе во продажба, присутните имаа можност да се запознаат и со оние што допрва ќе се најдат на пазарот.
Преку својот накит и часовници, Calvin Klein нѐ носи кон природните и основни форми кои го носат исконскиот дух на брендот.
Новата кампања на Calvin Klein нѐ повикува сите да го славиме животот сега. Бидејќи минатотото е во нашите сеќавања, иднината е во нашите планови, само сегашноста е реална. Животот е сега. Споделете ја вашата минута!, изјави Ана Божиновска, менаџер за бренд на компанијата Божиновски.
Од Божиновски истакнаа дека Calvin Klein не заостануваат зад трендот на лого-манијата и како must-have ја посочија колекцијата Calvin Klein Color – спој на минималистички дизајн, големо лого и неонски бои. Совршен избор за летната сезона.
Calvin Klein е еден од ретките амбасадори на швајцарските часовници во светот на модата. Со спојувањето на талентите од Calvin Klein и Swatch Групација во 1997 година, се создаде часовникот-накит кој дефинираше нов сегмент во индустријата. Чистите минималистички линии и софистицираните дизајни ги прават Calvin Klein часовниците и накитот незаборавни, уникатни и впечатливи.