Еден го зазборел, а друг му го „обработил“ автомобилот на бензинска

Еден го зазборел, а друг му го обработил автомобилот кој бил паркиран на бензинска пумпа. Ова утрово во 02.20 часот му се случило на 71-годишниот Т.Т. од Валандово.

Како што јавува МВР, непознати сторители извршиле кражба од автомобил на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Табановце – Куманово. Т.Т. откако наполнил гориво се паркирал на паркингот од бензинската пумпа и застанал  до совозачката врата од неговиот автомобил  „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки.

Во еден момент до него дошло непознато лице и започнало разговор со него. Притоа, друго непознато лице го искористило неговото невнимание, ја отворило возачката врата и од просторот пред совозачкото седиште  одзел црна женска чанта во која имало 7 .000 евра, 7.000 денари 15.500 српски динари, две македонски патни исправи, две книшки од банка, два мобилни телефони, златен накит и други предмети.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сучајот.