Седум прилепчани заработија кривична пријава бидејќи три години фалсификували документи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи,
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе четири кривични пријави против вкупно седум лица М.В. (25), А.А. (30), Ф.Љ. (31), Д.С. (30), Е.А. (30), М.И. (30) сите од Скопје и Џ.У. (27) од Прилеп, заради постоење на основано сомнение дека сториле фалсификувале документи.
Полицијата соопшти дека пријавените во периодот од 2010 до 2013 година, со намера да овозможат на четири деца да им бидат извршени дополнителни уписи во матична книга на родени во Македонија, а од причина што до тогаш не биле упишани во матичната евиденција и за потоа да можат да остварат и други права помеѓу кои и добивање на лична документација, изготвиле фалсификувани италијански изводи од матична книга на родени наводно издадени од Матична служба во Фоџа, Италија, на име на В.С., А.А., В.А. и Љ.Р., во кои внеле лажни податоци.
Тие сомневањето го поткрепиле и со докази од доставените одговори од Интерпол Рим добиени преку МВР на РМ, ЦПС-Сектор за меѓународна полициска соработка, а по претходно доставени до нив барања, во кои одговори од канцеларијата за матично работење на град Фоџа е утврдено дека во службените книги не евидентираат уписи во МКР за наведените лица, односно истите се фалсификувани.
Фалсификуваните италијански изводи откако ги превеле на македонски јазик кај овластен судски преведувач во Скопје и ги завериле кај нотар, ги употребиле како вистинити приложувајки ги кон Молбите доставени до Матичната канцеларија Шуто Оризари во Скопје за дополнителни уписи на четирите деца, кон кои молби поднеле копии од нивните ИМКР, лични карти и пасоши. Врз основа на приложените документации, матичарите М.Р. и А.К. извршиле дополнителен упис на децата, видно од преписите добиени од Министерството за правда-Управа за водење на матичните книги и на истите им биле издадени врз основа на уписот македонски ИМКР на нивни имиња.
Пријавените ваквите изводи, иако знаеле дека се со невистинити податоци, ги употребиле како вистинити поднесувајки ги пред службените лица од МВР-Сектор за управни работи кон барањата за издавање на пасоши на име на децата, каде пријавените се потпишале во рубриката „согласност од родителите“, врз основа на кои поднесени лажни документации, на децата им биле изготвени патни исправи на нивни имиња и на ваков начин пријавените им овозможиле да се здобијат со македонски патни исправа и да ги користат во правниот промет, а воедно со тоа се стекнале и со државјанство на Р. Македонија. Од причина што биле изминати роковите на важност на пасошите на име на В.А. Љ.Р., Е.А. и М.И. во јули 2012 год. а на Ф.Љ. и Д.С. во август 2013 година тие повторно поднеле барања за замена на пасошите при што им биле издадени пасоши кои што се користат во правниот промет.