Мажи, да бидеме реални, честопати не знаете да флертувате. Премногу сте нападни (некогаш дури морничави). Не знаете што точно да кажете и премногу очекувате.
Но, не грижете се, ние ги имаме совршените совети како да ја освоите:
1. Одржете подолг контакт со очите
Гледајте ја директно во очи многу подолго отколку што нормално би ви било пријатно и насмевнете се. Повторете го ова неколку пати додека не создадете малку тензија и љубопитност. Ако ви возврати, тогаш спремете се да ѝ пристапите.
2. Совладајте ја „три-минутната конекција“
Ако ѝ понудите пијалак уште во првите мигови од запознавањето, тогаш правите многу погрешен чекор. Се прашувате зошто? Затоа што е морничаво и тоа многу. Плус, правите жената да се чувствува должно да ви возврати со внимание или да се интересира за вас. Всушност преку таквиот гест вие велите: „Здраво! Те пронајдов и сега си моја. Ќе спиеме заедно, но прво да се напиеме нешто“.
Наместо тоа, коментирајте за работите околу вас – на пример, насмејте се на нечие „интересно“ играње ако сте во некој клуб или дури да истакнете некој друг пар кој можеби им тргнала работа или имитирајте ги што зборуваат.
Добрата смисла за хумор не само што ќе ја „улови“ туку дури може и да ја задржи – секако ако целите кон тоа. Зборувајте со неа како со пријател отколку како со жртва на лов и гледајте како нејзините бариери полека се спуштаат надолу.
3. Алудирајте дека треба повеќе да се дружите
Кога велиме „алудирајте“ навистина го мислиме тоа. Спомнете го неколку пати, но внимавајте да не бидете нападни. На пример, спомнете дека има уметничка изложба деновиве и дека навистина сакате да одите и знаете дека супер ќе си поминете. Може да речете: „Мора да одиме, ќе биде навистина неверојатно“.
Обратете внимание на нејзиниот одговор и потоа продолжете со некоја друга тема, но повторуваме: не бидете нападни.
4. Заминете
Откако ќе почувствувате дека има некаква хемија меѓу вас и дека нештата се движат во позитивна насока, заминете си. Бегајте. Нема врска што сте ја привлекле, оставете ѝ простор. Никој не сака да се чувствува заробено и плус малку е идиотски да ја малтретирате целата ноќ.
Најсекси нешто на целата планета е да го гледате некој како е социјален и пријателски настроен, но од надворешната страна. Поради таа причина потребно е да исчезнете барем на неколку минути откако ќе воспоставите првична привлечност и конекција и да ја оставите да види дека се забавувате. Дадете ѝ воздух и простор и оставете сама да ви каже дали ја привлекувате.
5. Одете си со совршеното „збогум“
Да претпоставиме дека „гадно“ заглавивте – нејзините глупави шеги ви ги полнат срцето, двајцата верувате во вонземјани и веќе си направивте слика каде што правите „Netflix and chill“. Им се случува и на најдобрите.
Пред да си заминете со вашите пријатели, застанете до неа уште еднаш. Спомнете ѝ за настанот од претходно и речете ѝ: „Ми беше навистина мило што се запознавме. Ќе се видиме викендов, така?
Бидете јасни дека ќе се забавувате без разлика дали таа ќе дојде, но дека би сакале да биде присутна. Плус, Инстаграм е помалку агресивен начин отколку размена со броеви и плус може да видите кога директната порака е отворена. Уште поважно вака ќе може да ги види вашите секси селфиња. Со нив, сигурно ќе ја освоите.
6. И најважно, ослободете се од сите очекувања
Најдобриот дел во ваквиот пристап е што може да создадете нов пријател. Ако имате мали очекувања од одредена ситуација, веднаш ќе се спасите од срам или одбивање. Доволно е да бидете дружељубиви и да се потрудите да разговарате со сите луѓе во текот на вечерта. Ако никогаш не ја видите повеќе, запомнете дека се забавувате и дека имавте можност малку да флертувате со прекрасна девојка. Плус, со вежба се стига до совршенство.