Пари и златен накит украдени од куќе во Лисиче и Даме Груев.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера биле ограбени две куќи, едната во Лисиче, а другата во населбата Даме Груев.
Арамија провалил во куќата на 41-годишнот С.Ч. на улицата Тодор Чангов во Лисиче откако со погоден алат ја отворил вратата. Крадецот украл 10.000 денари и разновиден златен накит. Со плен вреден 300.000 денари сторителот избегал.
Од куќа, сопственост на П.Ѓ. на улицата Антон Чехов арамија украл златен накит вреден 300.000 денари и веднаш избегал во непознат правец.
Скопската полиција работи на расчистување на двете тешки кражби.