Сончево време со слаб до умерен северен ветер не очекува во текот на денешниот ден. УВ-индексот ќе изнесува 9, а температурата ќе се движи од 23 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 31 степен.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 Целзиусови степени.