Попладне можна појава на пороен дожд и грмежи

Сончево време со умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 28 до 36 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степена.