Кај езерото „Младост“ пред мотел „На Велешко“ денеска во 19.10 часот се случи сообраќајна незгода во која настрада едногодишно дете.
Такси управувано од Ј.Р. истоварувало патници пред мотелот, а дете родено 2015 година прво излегло од возилото и при тргнување такси возилото го прегазило.
На пат кон болница детето починало.