Кандидатите за полициски пилоти ги почнаа проверките

Вкупно 462 кандидати, меѓу кои 59 девојки, кои ја поминаа административната селекција на конкурсот за прием на пилоти при хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи денеска почнаа со физичките проверки во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.

По физичките подготовки за кандидатите ќе следат тестови по англиски јазик и општо образовани теми, психо тестови и за специфички карактерни особини, како и здравствени проверки.

download

Министерката Гордана Јанкулоска ги посети кандидатите и истакна дека секој од фазите низ која ќе минуваат ќе биде елиминаторна односно ако не поминат една фаза нема да одат понатаму.

“Проверките кои ги правиме за пилоти на полициски хеликотпери, се сосема различни од оние за полициски службеници од причина што и нашите барања се различни и позициите за кои регрутираме луѓе се сосема различни, така што со оглед на силната конкуренција верувам дека до крајот на селекцијата ќе ги добиеме најдобрите 12 кандидати, кои понатаму во следните 19 месеци во Центарот за обука на пилоти ќе поминат дополнителна обука“, изјави Јанкулоска.

Од вкупниот број на кандидати ќе бидат избрани 12 кои ќе склучат договори за вработување во МВР и договор за обука во Центарот за обука на пилоти во касарната  „Страшо Пинџур“ во Петровец.