Во организација на риболовниот клуб Крап од Радовиш вчера беше одржан 7-от по ред традиционален „КУП“ натпреавар во спортски риболов во дисциплината „Пливка”. На овој интернационален „Куп 2016“ учествуваа 12 екипи од Македонија и Србија, каде што се натпреваруваа четири часа-поединечно во зони.
Најдобар пласман во поединечна конкуренција и овојувач на првото место беше Горан Тонев од „Мрена“ Крива Паланка со улов од 2,715 гр. второто место го освои Благојче Наумовски од „Барбус“ од Битола со улов од 2,045 грама, а третото место му припадна на Јовица Велич со улов 1,855 грама, член на екипата на „Наис“ од Ниш, Србија.
Во екипен пласман најдобро пласирани беа натпреварувачите на „Барбус“ од Битола, второто место им припадна на „Мрена” Крива Паланка, а трети беа „Трофеј“ од Струмица.
Минатогодишниот победник екипата на ОСР „Наис“ од Ниш преодниот пехар му го предаде на овогодишниот освојувач –екипата на „Барбус“ од Битола.