
Иако многумина беа изненадени од информацијата дека Челзи работи на тоа да го врати поранешниот стопер, сега веќе е и службено: Давид Луиз ќе оди на лекарски преглед и се враќа во Лондон пишува Скај Спортс.
Лузи во 2014-та година го напушти тимот на „сините“ и се пресели во Париз. Голем број навивачи и воопшто не тагуваа поради таквата одлука, а кога Бразилецот го прослави голот на Стемфорд Бриџ многумина го отпишаа.
Секако, по натпреварот Луиз им се извини на навивачите на Челзи и рече дека е нормално да се прослави голот и и дека неможел да ги задржи емоциите.
Бразилецот повторно се враќа во синиот дрес, а Челзи за неговите услуги плати 40 милиони евра. За ПСЖ настапуваше две години во кои имаше 89 настапи и даде 8 голови.