Фрлени молотови коктели во ресторан во Белград, напаѓачот уапсен

Еден маж фрлил неколку молотови коктели на ресторанот на „Мекдоналдс“ во Белград. Осомничениот М.Р. (37) е уапсен, соопшти полицијата, а пренесува Б92.

Во инцидентот што се случил кај Фонтаната на Нови Београд  нема повредени.

Како што неофицијално дознава српски „Блиц“  М.Р. е поранешен вработен на овој Мекдоналдс, кој не работел таму веќе неколку години.