Од ден во ден станува се појасно дека начинот на работа на СЈО е следен: ако си близок со Заев можеш да правиш криминал, да бидеш осуден, а потоа Катица Јанева да ти ја намали казната, пишува „Курир“.
Имено, Специјалното јавно обвинителство ги оцени како неосновани поголем број од жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и му предложи на Апелациониот суд да ги отфрли.
СЈО ги прифати жалбените наводи на одбраната само за висината на казните за сите осудени. Според Специјалното јавно обвинителство, казните се превисоки и престрого определени и тие му предлагаат на Судот санкциите да бидат намалени или ублажени, а за шестмина да бидат изречени условни казни.
Покрај тоа, СЈО му предлага на Апелациониот суд да бидат направени дополнителни вештачења кои се однесуваат на оружјето пронајдено кај генералот Горан Стојков и Цветан Дамјановски и да бидат обезбедени дополнителни докази за делото прикривање кое му се става на товар на првообвинетиот Марјан Ефремов.
Ваквите барања на СЈО, го покажуваат лицемерело на ова обвинителство, каде што само пријатели и блиски луѓе на Заев и СДСМ можат да прават каков сакаат криминал и при тоа Јанева да се залага за намалување на нивната казна.
За разлика од преметите во кои Едмонд Темелко и Владимир Талески се незаконски малтретирани.
Талевски кој редовно се јавуваше во СЈО, доби куќен притвор, а СЈО без аргументи бара продолжување на притворот.
Едмонд Темелко, пак од друга страна во февруари годинава беше незаконски и насилно приведен во својот дом пред очите на неговото семејство.
Основниот суд на прес-конференцијатогаш потврди дека СЈО Катица Јанева преку сдсмовскиот министер Оливер Спасовски на своја рака одлучиле насилно да го приведуваат единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.