Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински денеска ја презентираше новата капитална инвестиција за изградба на нова затоврена тениска арена со гимнастичка сала и сала за боречки спортови.
– Салата ќе биде на две нивоа, на првото на 3.159 вкупна површина ќе се наоѓаат реквизитите и борилиштата за карате, бокс и кик-бокс, помошни простории, гардероби, тоалети, и остави за потребите на клубовите. Предвидено е да се постават два душека за борачите, четири татами за каратистите и пет ринга за боксерите. Дополнително, предвиден е и простор за трим патека и простор за фитнес центар, изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“.
На второто ниво ќе бидат сместени затворената тениска арена со простор за 500 гледачи и кафе бар, место за падел тенис и гимнастичката арена со повеќе од 20 типови справи и трибина со капацитет од 500 гледачи, дополни Перински.