Предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М), Пеп Гвардиола откри дека Арсенал се покажал како подобар противник од баварскиот гигант само во првите 8 мунити од првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони.
„Да, беа подобри од Баерн (М), но само во првите 8 минути од натпреварот кој беше одигран во Лондон. Во останатите 172 минути, Баерн (М) имаше целосна контрола и врз играта и врз топката. Арсенал не создаде ниту една посериозна шанса во првото полувреме. Беа фокусирани само на сопствениот гол. Ние имавме целосна контрола, се до моментот кога го постигнаа израмнувачкиот погодок. Пред погодокот на Подолски имаше фаул во корист на Баерн (М), но судијата даде знак да продолжи натпреварот. Имавме одлична предност, не направивме ниту една грешка, не му дозволивме на Арсенал да одигра ниту еден посериозен контра напад. Заслужено се пласиравме во следната рунда од Лигата на шампиони“, изјави шпанскиот стручњак.