На Детската хирургија направени се 12 успешни операции на кила кај девојчиња

На три годишно девојче со лапароскопски хируршки зафат и е оперирана кила на клиниката за детска хирургија. Таа е најмладата пациентка која е оперирана со современа метода, што овозможува брзо оздравување, објави ТВ „Канал 5“.

Доктор Тони Ристевски од детска хирургија во последните пет месеци заедно со тим од клиниката направиле успешни 11 вакви операции.

„Овој тип на операција се прави низ една дупка низ папокот и на тој начин се прави подобро гледање на целиот дел дали на двете страни има кила. Естетски е далеку подобро нема класичен рез и заздравувањето е многу брзо, пациентот може веднаш да оди дома“, вели др. Тони Ристевски од Клиниката за детска хирургија.

Доктор Ристевски методата на овој тип на операција ја учел во Израел. За него е важно што со операцијата им се помага во иднина да немаат никакви проблеми. Родителите чии девојчиња имаат ваков проблем преку системот „Мој термин“ може да закажат преглед на клиниката за детска хирургија.

„Оваа програма ја добив преку министерството за здравство и е непроценливо искуство. Еден месец бев во Израел, а преку вакви програми за овој тип на операции бев и три месеци во Италија“, вели др. Ристевски.

Најчеста причина за вродена кила кај девојчиња е пушењето цигари на мајките во бременост, потврдуваат докторите.