– Потребна е почеста размена на посети на сите нивоа, да работиме на унапредување на правната рамка која ќе создаде услови за поголема соработка во сите сфери од заеднички интерес на народите од двете држави, истакнал претседателот Иванов, потенцирајќи дека со интензивирањето на политичкиот дијалог и контактите на сите нивоа, можеме да се надеваме на зголемена билатерална соработка, особено во сферата на економијата, трговската размена и безбедноста.
Во однос на мигрантската и бегалската криза претседателот Иванов и кралот Абдула ја констатирале неопходноста од сеопфатен одговор и решение, за чијшто предуслов најпрво е потребен итен прекин на огнот, мир и стабилност во воените жаришта на Блискиот исток.
Во тој контекст, кралот Абдула II го информирал претседателот Иванов за актуелните состојби во Јордан, каде што во моментов има огромен број бегалци, претежно од Сирија, за неговите иницијативи за надминување на оваа криза, како и за начините за справување со хуманитарната катастрофа со која се соочува неговата држава. – Ние сме определени да бидеме фактор за траен мир и стабилност во нашиот регион, истакнал јорданскиот крал.
Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Иванов, изразиле подготвеност и за натамошна соработка и поддршка на мултилатерален план.