Американските служби сметаат дека малезискиот авион МХ 370 летал уште четири часа откако исчезнал од радарите – па поради се стравува дека авионот е киднапиран.
Официјалните лица се сомневаат дека авионот летал уште вкупно пет часа повикувајќи се на информациите кои автоматски пристигаат од моторите Ролс Ројс на Боинг-от 777 како дел од рутината за следење на авионите.
Американските антитерористички служби поставуваат нова теорија, дека авионот заедно со 239 патници е пренасочен на непозната локација со намера подоцна да се упореби за други цели.
Владините тимови за тероризам стравуваат дека е можно пилотот или некој друг член од екипажот да ги исклучил уредите за следење, па потоа авионот да слета во друга земја.
Авионот имал време од пет часа да остане во воздух по напуштање на аеродромот во Куала Лумпур што значи дека може да се движи уште 2.200 наутички милји што со брзината на летање би значело дека авионот можно е да слетал на границита со Пакистан или некаде во Арапско Море.
Шест дена по исчезнувањето и покрај интензивната потрага во која се вклучени 10 нации и 56 летала и бродови се’ уште нема трага од авионот кој мистериозно исчезна.