Ги фатиле со „трева“ во автомобил при проверка

На 03.03.2016 година во 20.30 часот, на паркинг просторот кај спортската сала „25 Мај“, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „Алфа Ромео“, управувано од Г.Т., а во кое биле затекнати лицата Д.М., А.А. и Д.Л., сите од Радовиш, при што во моментот на контролата од страна на А.А. преку отворениот прозорец била фрлена рачно извработена цигара со маса од 0,16 грама мешавина на наркотична дрога марихуана со тутун.  Од извршениот преглед на возилото бил пронајдена 0,42 грама наркотична дрога марихуана. Од преземени мерки било утврдено дека истиот ден, пријавениот околу 20.00 часот во Радовиш извршил продажба на опојна дрога марихуана на Д.М. за сума од 500 денари.