
Проектот ќе трае 18 месеци и е финансиран од Европската Унија преку буџетската линија ИПА за развој на човечки ресурси со 210.000 евра. Тој е имплементиран од CARE Германија/Луксембург e.V. и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО.
Во рамки на проектот ќе бидат спроведени обуки за 250 жени од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово, за нивна професионална ориентација и зголемување на нивното знаење и капацитети, со цел тие да станат поконкурентни на пазарот на трудот. За 30. најуспешни проектот ќе понуди професионална пракса во соработка со локалните работодавачи.
Проектот е наменет за жени на возраст од 20 до 40 години со минимум завршено основно образование, а предвидува и спроведување креативни работилници за згрижување на децата, додека нивните мајки учествуваат на обуките.