Ако им се верува на италијанските медиуми тогаш српскиот интернационалец Немања Видиќ нема да биде единствениот фудбалер кој моментално го носи дресот на Манчестер Јунајтед, а во новата сезона ќе ги брани боите на италијанскиот калчо гигант Интер.
Најтиражниот спортски весник во Италија, “Газета дело Спорт” ја пласираше информацијата дека новиот сопственик на Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир, ќе успее и во намерата да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.
Офанзивниот лев бек на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а доколку се пресели на “Џузепе Меаца” и го прифати понудениот 2-годишен договор, Евра ќе си осигура годишна заработувачка од 3 мил. евра.