Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат милионски суми потрошени за репрезентација од страна на претходните власти во општина Охрид.
„ВМРО-ДПМНЕ како политичка опција секогаш се стреми кон транспарентностТргнувајќи од тој аспект а пред се поради интересот на граѓаните за приказ на затекната финансиска состојба на градот Охрид од страна на ВМРО ДПМНЕ, на неколку наврати беа повикувани политичките опоненти СДСМ да одговорат на поставени прашања во врска со потрошените репрезентации во време на нивното осумгодишно владеење со градот Охрид во периодот 2005 до 2013 година! За жал останаа поставените прашања а од нивна страна не добивме никаков одговор. Тоа само зборува за несериозниот и манипулативен однос на СДСМ кон она што значи отчетност кон граѓаните“, стои во соопштението од партијата.
Периодот од 2005 до 2013 година, како што се наведува, СДСМ управувајќи со Локалната самоуправа направила огромни суми на средства за репрезентации. И тоа во 2005 година 743.572 денари, во 2006 година 1.521.331 денари, во 2007 година 2.268.630 денари, во 2008 година 3.761.411 денари, една годна подоцна 3. 425.516 денари, во 2010 година 3.114.435 денари, во 2011 година 4.196.735 денари, во 2012 година 6.593. 415 денари и во 2013 до април месец 1.341.943 денари
„Ваквите вртоглави милионски суми потрошени пари од граѓаните стрикно само за репрезентации не преставува ништо друго туку јасен показател за недомаќинското работење на СДСМ цели осум години. Низ прикажаните бројки јасно може да се согледа енормното зголемување на средствата за репрезентации и тоа со пропорционално зголемување од година во година со што разликата помеѓу потрошените средства за репрезентации од 2005 до 2013 година верувале или не се зголемени за скоро десет пати“, стои подолу во соопштението.
Дури сега е јасно, велат оттаму, зошто СДСМ нема одговор за поставените прашања од страна на ВМРО ДПМНЕ а чии одговори пред се, се во интерес на граѓаните на Охрид.
„И уште појасно станува зошто цели осум години не согледавме отчетност и транспарентност. Но нејасно останува како СДСМ се обидува да се амнестира од ваквиот принцип на недомаќинско работење и енормно трошење на парите на граѓаните на Охрид. За ваквиот однос на политичкиот опонент СДСМ ќе оставиме граѓаните да судат. Денес, одново но и за последен пат ги прашуваме СДСМ колку пари се потрошени за службени патувања во времето од 2005 до 2013 година, време во кое тие беа на власт во Локалната самоуправа во Охрид“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ:
Од друга страна, потенцираат дека градоначалникот Бакрачески и Советничката група на ВМРО ДПМНЕ секогаш ќе бидат на страната на народот.