Џулијани кажа дека има впечаток дека, иако демонстрантите се во поголем дел студенти, мнозинството студенти всушност воопшто не се толку вознемирени од победата на Трамп.
– Мнозинството деца не кукаат и не плачат, туку одат на часови, додаде тој.
На забелешката на водителот на телевизијата „Фокс“ дека некои универзитети нудат храна и терапија за студентите вознемирени од исходот од изборите, Џулијани се пошегува, изјавувајќи дека католичките свештеници, кои своевремено го учеле на колеџот на Менхетн, би му „понудиле нешто друго“.
Тој кажа дека на многу универзитетски кампуси се уверил дека расте бројот на конзервативни студенти затоа што се бунат против професорите.
– Ако барате вистински левичарски лудаци во кампусите тоа се професорите, а не студентите, додаде Џулијани.
Тој изјави дека неговиот совет за Трамп во оваа ситуација е да им порача на демонстрантите: „Смирете се, работите не се така лоши како што изгледаат. Дајте ми една година и мислам дека ќе видите дека живеете во многу подобра земја отколку што живеевте до сега. Ако не, не знам, можете повторно да плачете“.