
Иако поголемиот дел од луѓето најмногу се трудат околу уредувањето на дневната соба или на тоалетот, сепак спалната соба можеби е и најомиленото катче речиси за секој од нас во кое сакаме да се чувствуваме како да сме во некоја бајка – изолирано, опуштено и смирено.
Доколку наскоро планирате да го промените комплетниот распоред на мебелот и атмосферата во вашата спална соба, еве еден совршен профил на Инстаграм со чија помош би можеле да ја осмислите можеби и најубавата спална соба на светот.
Она што исто така е заедничко за сите овие спални соби е пространоста, функционалноста како и дневната светлина што на комплетниот ентериер му дава свежина и етеричност.