По повод 25 години од Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како независна и суверена држава, во сабота, со почеток во 12 часот во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена филателистичката изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност на Република Македонија“.
Изложбата содржи богат картофилски материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, посветена токму на најважните збиднувања во изминатие години од независноста до денес. Збирката се состои од пригодни коверти, ФДЦ – коверти (прв ден на издавање), патувани и службени коверти, покани, разгледници и други материјали.
Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 22 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.