
Според пријавата И.М. од Кочани во два наврати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја извлекол од автомобилот, ја соблекол и ја допирал по интимните делови и ја бакнувал. Истото дело го повторил веднаш потоа, на периферијата од градот.
Девојчето во двата случаи се обидело да се оттргне од него и барало помош.
Истрагата треба да покаже како девојчето се нашло во автомобилот на И.М.,а полицијата ги превзема сите мерки за расчистување на случајот.