![109297944 патишта](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/109297944-16.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
До сега инвестирани се 48 милиони денари, а останува да се реконструира уште 3,5 километри за да го комплетираме целиот пат. Инвестициите во патната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период. За таа цел ќе инвестираме близу една милијарда евра во изградба и реконструкција на нови автопати, регионални и магистрални патишта. Ќе одвоиме 30 милиони евра само за реконструкција и изградба на локални патишта во сите општини. Секоја година дополнително ќе ја зголемуваме програма за одржување на државните патишта што ќе придонесеме за квалитетна патна мрежа низ државата, објави Мисајловски.
Тој информираше дека набрзо ќе започне изградбата на трите нови експресни патишта во Источниот регион.
Ќе отпочнеме со реконструкција на автопатот од Велес до Градско, од Неготино до Демир Капија и од Скопје до Куманово. Ќе започнеме со реконструкција и на патот од Гостивар до Кичево, од Македонски Брод до Скопје и уште шеесетина други патишта со што комплетно ќе ја смениме инфраструктурата во земјава, информираше Мисајловски.